СОСТОЈКИ:

 

2-3 јајца

6 лажици пченкарно брашно

2 лажици бело брашно

3 парчиња топено сирење

малку сол

50 мл масло

50 мл кисела вода

1 прашок за печиво

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јајцата разматете ги па додајте брашно со прашок за печиво. Малку сол, масло, вода и сирење на коцки и сè измешајте.

Ставете во намастен плех и печете на 220 степени околу 35 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.