Рецепт за одличен почеток или крај на денот – во зависност од тоа дали ќе ги приготвите за појадок или за вечера… а може и за двете!

Потребни состојки:
6 кришки стар леб
4 лажици сенф
3 лажици брашно
100 мл вода/млеко од соја
сол по вкус
масло за пржење

Приготвување:
Измешајте ги брашното и сенфот, додајте малку млеко/вода за да добиете средно густа смеса (можеби ќе ви треба помалку/повеќе млеко/вода), но долевајте го полека.

На крај посолете и ставете тавче/тенџере со масло да се загрее.

Потопепете ги кришките во смесата и пржете ги во врело масло.

Превртете ги кога ќе завршите со едната страна, тие брзо се пржат.

Послужете и јадете со ајвар, посен мајонез, посна паштета, што сакате.

Добар апетит!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.