Босанската пита со спанаќ е еден од највкусните тамошни специјалитети, а ќе ви требаат само пет минути за подготовката и половина час за печењето. Ќе добиете идеален оброк за вас и вашите домашни, кој е многу вкусен и здрав истовремено!

Состојки:
3-4 јајца
3 лажици кисела павлака
1 лажиче сол
половина прашок за печиво
5 лажици пченично брашно
5 лажици пченкарно брашно
100 мл масло
300-400 г младо сирење
1 шолја ситно сечкан спанаќ
малку путер

Приготвување:
Вклучете ја рерната на 190 степени и во неа ставете празен плех да се загрева. Во подлабок сад изматете 3-4 јајца со 3 лажици павлака и лажиче сол. Додајте половина прашок за печиво, 5 лажици пченично и 5 лажици пченкарно брашно. Постепено додавајте 100 мл масло. На крај, во смесата додајте 300-500 г младо сирење и спанаќ.

Извадете го врелиот плех од рерната. Ставете коцка путер да се стопи и внимателно намачкајте го дното и ѕидовите на плехот. Сипете го тестото врз тоа. Вратете го во рерна и печете го околу 30 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.