Дознајте како Унгарците го приготвуваат пилешкото месо и уживајте во вкусот
Состојки:
1 кг пилешко месо
150-200 г димена сланина
2 главици кромид
2 моркова
3 пиперки
400-500 г домат
100 мл бело вино
200 мл вода
зачини (сол, сув зачин, лута или слатка зачинска пиперка, бибер)
Приготвување:
Наредете го пилешкото месо во сад, зачинете и втријте ги зачините во месото, па тргнете го на страна. Пропржете сланина, извадете ја од тавчето, па во истата маснотија пропржете кромид и морков и додајте сечкани пиперки и домат. Динстајте, па зачинете и додајте го пилешкото. Додајте бело вино и вода, па поклопете. Динстајте околу половина час и додајте ја сланината. Оставете да се крчка околу 10 минути, па додајте свеж магдонос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.