Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот.

В сабота, на 6 мај, со почеток во 10 часот, на зелената тераса во Јавна соба повторно се отвора Пазарче.орг (орг = органска храна). Посетителите, покрај дегустацијата која е карактерситична за овој органски пазар, ќе имаат можност да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади и сл., призводи кои се произведени од поединци или од семејни производители. Вината и ракиите од мали семејни винарии и дестилерии, се автентични и неповторливи, а од причина што се произведуваат во мали количини може да се купат само на овој настан.

Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга, кои решија сите овие вкусови од Македонија да ги доближат до пошироката јавноста со цел да се разбие стигмата дека органското е скапо, неубаво на изглед и тешко достапно кај нас.

Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во цела Македонија и пошироко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.