Со конзумирање неквалитетна и штетна храна често се изложуваме на ризик да го нарушиме нашето здравје. Со текот на времето, штетните материи создаваат таква депонија во телото што може да предизвикаат замор, поспаност, раздразливост и општ пад на имунитетот.

Затоа, многу е важно да се разбере дека прочистувањето на телото од токсини не е само нешто за „глумење трендсетер“, туку една од важните постапки за зачувување на имунитетот.

Постојат различни методи на детоксикација, а една од нив е детоксикацијата на телото со ориз.

Постапка на подготвување

Земете обичен ориз, онолку лажички колку што имате години, а потоа добро исплакнете го и истурете го во стаклена тегла. Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете го капакот и оставете го во фрижидер.

Наутро исцедете ја целата вода, земете една полна лажица ориз и варете ја 3-4 минути без сол, во посебна вода. Јадете го на празен стомак, по можност до седум и пол наутро.

Преостанатиот ориз прелијте го со превриена изладена вода  и оставете го во фрижидер до следното утро. Оваа постапка за чистење на телото повторувајте ја секој ден, додека во теглата има ориз.

Која е тајната?

Тајната на методот лежи во зрното ориз, кое има кристална структура. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па затоа неговите зрна делуваат како еден вид абсорбер.

Овој метод го чисти телото од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на телото со ориз помага за нормализирање на метаболизмот и регулирање на вишокот телесна тежина.

По земање на ориз наутро, пожелно е да не се јаде или пие најмалку три часа. По две недели почнува вистинското чистење на организмот.

По одредено време на земањето ориз, се активира самочистењето на организмот, кое ќе продолжи само, по третманот во рок од неколку месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.