Состојки за тесто:
350 гр шеќер
1 ванилин шеќер
2 јајца
1 лажица сок од лимон
400 мл млеко
150 мл зејтин
200 гр мелени ореви
400 гр брашно
Прстофат сол
1 пециво
Жолт фил:
700 мл млеко
100 гр шеќер
2 пудинга од ванила
125 гр маргарин или путер
Кафеав фил:
700 мл млеко
100 гр шеќер
2 пудинга од чоколада
125 гр маргарин или путер
Подготовка:
Прво се прави тесто: шеќер, ванилин шеќер, јајца и една лажица сок од лимон се матат додека не се добие смеса – светло жолта боја. Со непрекинато матење полека се додава млеко на најголема брзина, па се намалува брзината и се додаваат маслото и мелените ореви, со непрекинато матење. Лажица по лажица се додава и брашното претходно измешано со солта и прашокот за пециво.
Големиот плех од рерната добро се подмачкува, па се набрашнува, а потоа се истура смесата и се пече на 170 степени, 30 минути. Исклучете ја рерната, подотворете ја и оставете го внатре колачот уште 10 минути. Потоа извадете го и оставете го уште 20 минути да се излади, па извадете ја кората и пресечете ја на половина, за да се добијат две големи тенки кори. Едната вратете ја во плехот, ако треба израмнете ја со ножот.
Подготовка на жолтиот фил: Два пудинга од ванила разматете ги во 100 мл млеко, а остатокот ставете го да зоврие со 100 гр шеќер. Во сварениот пудинг додадете 125 гр маргарин или путер и матете со жица додека потполно не се стопи и соедини со филот. Прелијте преку првата кора, па преклопете со другата кора.
Кафеавиот фил сварете го на истиот начин како жолтиот, и прелијте го преку другата кора.
Посипете со сецкани ореви и оставете да се излади најмалку четири часа во фрижидер, а најдобро е цела ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.