Похуваните тиквички на грчки начин се совршениот летен ручек.
Потребно:
3-4 тиквички
200-250 г брашно
сол, сув зачин, црвен пипер, бибер, оригано
4-5 јајца
масло
За преливот:
1 врзоп магдонос или мирудија
4-5 чешниња лук
бибер
оцет
Подготовка:
Тајната е во сечкањето на тиквичките. Имено, тиквичките се засекуваат сè до дршката, за да можете од нив да направите лепеза. Потоа, се валаат во смесата за панирање од брашно, јајца и зачини. Така изваланите тиквичките се ставаат во масло за пржење додека заруменат. Со нив се послужува и прелив од ситно сечкан магдонос или мирудија, лук и јаболков оцет. Уживајте!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.