Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови заедно со алкохолот.

Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеинот има ефект на заситување, па луѓето јадат помалку.

Студијата покажала дека оние кои најчесто грицкале храна богата со протеини со пиво консумирале вкупно помалку калории во споредба со оние кои јаделе масни производи.

Во истражувањето, две третини од учесниците избрале храна со висок процент на протеини, но со низок процент на јаглени хидрати и масти.

Тие консумирале во просек 1.749 калории дневно – вклучувајќи ги и оние од алкохол. Тоа беше 577 калории помалку од потребното за одржување на моменталната тежина.

Друга третина избрала солена храна со ниска содржина на протеини како што се колбаси, чипс и бисквити и консумирала во просек 3.051 калории – 813 повеќе од потребното.

Водечкиот автор на студијата д-р Аманда Греч од австралискиот универзитет во Сиднеј рече:

„Сакавме да откриеме дали луѓето избираат солена храна со поголема содржина на протеини кога пијат алкохол, и ако го прават тоа, дали нивниот ефект на ситост води до помалку калории во целина“.

Најновата студија е првата која ги зема предвид другите компоненти на исхраната. Наодите се засноваат на 9.341 лице од Австралиското национално истражување за исхрана и физичка активност.

Д-р Греч додаде: „Кога пиете алкохол и кога вашиот апетит е зголемен, погрижете се да изберете поздрави посни п

ротеини“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.