Голем број луѓе со нетрпение ја очекуваат пролетта и богатиот избор на овошје и зеленчук во маркетите и продавниците за храна, но овие намирници често претставуваат опасност по здравјето, затоа што повеќето од нив содржат нитрати и пестициди.

Зошто овие соединенија се опасни по здравјето?

Главната состојка на нитратот е азот, кој е неопходен за раст на растенијата. Луѓето не треба да ги земаат во прекумерни количини бидејќи, иако се практично малку токсични, плунката под влијание на ензимите се претвора во нитрити. Оние, пак, со други соединенија присутни во желудникот (како што се амини) се претвораат во многу штетни нитрозамини.

Количината на нитрати содржана во храната, меѓу другото, зависи и од обработката на земјиштето, односно од употребата на вештачки ѓубрива, пестициди, инсектициди итн. Пестицидите најчесто влијаат на несаканите промени во клетките на телото, додека нитритите доведуваат до намалување на снабдувањето со кислород. Нитритите се вклучени во оксидацијата на хемоглобинот во телото, што исто така влијае на анемијата.

Раните јагоди е подобро да се јадат во ограничени количини, бидејќи можат да содржат големо количество нитрати, предупредуваат експертите. Овошјето кое сега се нуди низ Македонија се одгледува во оранжерии, а оваа средина донекаде го нарушува квалитетот на плодот.

Сега имаме јагоди кои се одгледуваат главно на заштитено земјиште, надвор од оптимални услови, каде што веројатно има помалку светлина и топлина, а се користи и поголема количина на азотни ѓубрива. Тоа може да придонесе за акумулација на нитрати – предупредува рускиот агроном Владимир Викулов.

Тој предупредува дека кога купувате јагоди треба да внимавате на нивниот мирис и боја.

Индиректен знак за присуство на нитрати може да биде недоволно карактеристична, бледа боја, неприродно големи плодови, недоволно изразен вкус – објаснува агрономот, кој додава дека шумските јагоди, пак, се здрави.

Труењето со јагоди е реткост бидејќи луѓето обично не ги консумираат во големи количини.

Доколку не јадете повеќе од 100-150 грама истовремено, тогаш можете да го елиминирате ризикот од негативните ефекти на нитратите врз организмот. Ретко се случува некој да се отруе од јагоди затоа што не ги јадеме „во килограми“, но сепак постои одредена опасност. Се разбира, ве советувам да не претерувате – вели агрономот.

При изборот, обрнете внимание на свежината. Ако листовите поцрнат, а плодот омекне и ја промени бојата, тогаш многу брзо ќе се расипе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.