Сите се чудиме што да правиме со велигденските јајца што ќе останат. Еден одличен ручек кој ќе ви потроши дел од заостанатите јајца – француски компир.
Потребни состојки:
800g компири
1 кромид
4 варени јајца
1 свежо јајце
Сланина
1 чаша кисела павлака
Сол, бибер и зачини по желба
Подготовка:
Компирите и јајцата сварете ги одвоено. Или искористете од велигденските варени јајца. Кога ќе бидат готови исечете ги на кругови.
Сланината и кромидот исечете ги на коцки и пропржете ги на масло неколку минути.
Во керамички сад потоа ставете ред од компирите, ред јајца, ред од сланината и кромидот. Правете редови додека не ги потрошите состојките.
На крај прелијте со кисела павлака. Печете на 200 степени додека компирот не добие крцкава кора.
Може да изрендате кашкавал или да ставите пармезан по желба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.