Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во светот, е познат по тоа што дава едноставни финансиски совети.

Според него, има 10 работи на кои сиромашните луѓе трошат пари, а објаснил што би направил доколку е во нивна кожа.

Инвестиции со мала вредност

– Најважната инвестиција е да инвестирате во себе. Така се стекнува знаењето, како каматата за штедењето,смета Бафет.

Еден од најпознатите совети на Бафет, познат како Бафет Формула, е секој ден да си легнувате попаметни.

Бафет препорачува читање. Тој троши околу 80% од својот ден читајќи и предлага секој што се надева на успех да чита 500 страници дневно.

Бафет е исто така голем противник на долговите со кредитни картички. Тој претпочита да се потпира на готовина наместо на пластика.

– Имам картичка што ја добив во 1964 година. Но, јас плаќам во готово 98% од времето – рече еднаш.

На Бафет не му е грижа за најновата технологија или престижните брендови. Со години користел стар телефон на преклоп од 20 долари, пред да купи паметен телефон пред четири години.

Неговиот совет? „Не штедете го она што останува по трошењето, туку трошете го она што останува откако ќе заштедите“.

Нови автомобили

Наместо да купи нов автомобил, Бафет претпочита да купува половни возила по намалени цени.

– Вистината е дека возам само околу 3.500 милји годишно, па затоа многу ретко ќе купам нов автомобил

Бафет јаде едноставно и не сака многу да излегува. Во нејзината биографија „Грутка: Ворен Бафет и работата на еден живот“, авторката Алис Шредер го цитираше:

– Сакам да јадам истото одново и одново. Можам да јадам сендвич со шунка секој ден педесет дена  за појадок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.