Со години млади луѓе од повеќе земји подготвуваат меѓународно списание од Скопје, пишува Skopje.IN. Пред 17 години од центарот на градот излезе првиот број на списанието „Воисес“. Идејата се родила во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ по воениот конфликт во 2001 година.

Во тоа време, тензиите помеѓу културите сè уште беа на високо ниво и од училиштето беа загрижено дека децата ќе растат одвоени. Потребна беше конекција, вели Јохана Крауткрамер од „Воисес“.

Поради оваа причина, „Воисес“ кој го носи мотото „Списание за сите млади луѓе ширум светот“, е тријазичен – на македонски, албански и англиски јазик.

Денеска на него (списанието) работиме од канцеларијата на Волонтерскиот Центар Скопје (ВЦС). ‘Воисес’ го објавуваме онлајн и печатиме неколку изданија годишно. Освен тоа, ги проширивме нашите активности и на подкаст – ‘VOICES to Hear’, објаснува Крауткрамер.

Списанието главно го подготвуваат меѓународни волонтери кои доаѓаат од Германија, Полска, Финска, Франција, Турција и други земји кои работат во ВЦС.

Пишуваме статии, ги дизајнираме и објавуваме сè на социјалните мрежи. Покрај тоа, има и надворешни пишувачи кои придонесуваат со статии, вели Крауткрамер.

Целата сторија на „Скопје.ИН



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.