Хрватскиот технолошки лидер отвори нова канцеларија во Скопје каде што планира да ја пренесе својата култура на повеќекратно наградуван работодавач, како и едукативни иницијативи за зајакнување на локалната ИТ-заедница
Хрватски Инфинум, познат по развивање дигитални производи за глобалниот пазар, го одбележа отворањето на нова канцеларија во центарот на Скопје. По преземањето на македонската агенција 3П Девелопмент кон крајот на минатата година, во новата канцеларија во Бизнис центарот „Настел“ сега работат триесетина експерти. Тие се дел од тимот од 350 професионалци, кои создаваат иновативни дигитални решенија за познати светски брендови како Philips, Nike, Samsung и Porsche во седум канцеларии низ целиот свет.
Пред да отвори канцеларија во Скопје, хрватската технолошка компанија го прошири својот бизнис и на други локации: Подгорица, Лондон и Њујорк. Исто како и нејзините наградувани претходници, македонската канцеларија плени со својот изглед, функционалност и дизајн.
Што се однесува до плановите на Инфинум во Македонија, главниот фокус се нови вработувања и проширување на тимот.
-Во следните три години планираме да ангажираме околу стотина нови експерти. Најмногу бараме програмери, но ангажираме и дизајнери, аналитичари, проект-менаџери и психолози“, вели Ѓорѓи Ќосев, генерален директор на Инфинум во Македонија.
-Проектите со нашите клиенти често се долгорочни, што ни овозможува континуирано да работиме на најиновативните функционалности. Би сакал да го истакнам Philips, кој нè прогласи за најиновативен снабдувач на глобално ниво, а успехот на оваа соработка е потврден со признати награди како Red Dot и iF Design за нашата работа на кујнски апарати поврзани со Philips и придружните мобилни апликации што ги користат милиони корисници во повеќе од 40 земји.“
За време на своето шестмесечно присуство во Македонија, Инфинум започна различни иницијативи за да придонесе за развојот на локалната ИТ-заедница. Се издвојува Infinum Academy, серија бесплатни обуки за работа со најновите технологии за развој на софтвер.
-Штотуку започна првата генерација на Академијата во Скопје. Признавам дека бевме воодушевени од одѕивот бидејќи се пријавија дури 260 студенти, од кои ги добивме 24-те најдобри. До крајот на септември ќе решаваат практични проблеми во развојот на софтвер додека учат под водство на врвни предавачи“, вели Јана Таневска, менаџерка за човечки ресурси во Инфинум Македонија.
Од нејзиното основање во 2015 година, повеќе од 350 студенти успешно ја завршија програмата Infinum Academy, по што некои беа вработени во Инфинум, но и во други технолошки компании.
Заедно со Академијата, компанијата почнува со одржување Infinum Talks. Во новите канцеларии ќе се одржуваат едукативни предавања и дружења во опуштена атмосфера. Бојан Бајиќ, маркетинг менаџер, ја нагласува важноста на образованието и негувањето на културата на знаење.
-Сите вработени имаат буџет што можат да го користат за обуки, конференции, онлајн предавања, книги или други едукативни материјали. На пример, колегите од македонската канцеларија наскоро ќе одлетаат во Њујорк за да присуствуваат на конференцијата Droidcon.“
Инфинум е познат како повеќекратен добитник на наградата за најдобар работодавач во Хрватска, а својата наградувана култура ја пренесе и во новоотворената канцеларија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.