Една жена во Аргентина, падна под воз во фвижење, но иако за момент исчезна меѓу вагоните, за вистинско чудо остана жива.

Хорор видеото снимено од безбедносните камери во Гонзалес Катан на периферијата на аргентинската престолнина Буенос Аирес го обиколи светот и предизвика неверување кај милиони луѓе.

Жената по име Кандела тргнала на работа и, како што подоцна опишува, доживеала ненадеен пад на притисокот, поради што се затетерави и падна од перонот под возот во движење, се преврте и исчезна меѓу вагоните.

Присутните на станицата, преплашени од она што го виделе, останаа во чудо кога таа била повлечена назад на платформата – жива.

 

Кандела, како што вели, ги видела снимките дури откако и рекле дека е надвор од животна опасност и ја напуштила болницата.

Доживеав ненадеен пад на притисокот и се онесвестив. Се обидов да му сигнализирам на човекот пред мене, но веќе на ништо не се сеќавам, ниту на моментот кога удрив во возот. Не знам како сум уште жива. Сè уште се обидувам да сфатам што се случи – изјавила таа за аргентинската телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.