Бритни Спирс (40) се врати на Инстаграм, откако се исклучи од оваа социјална мрежа пред десетина дена. И во нејзин стил – објави уште едно видео со танц во топлес.

Пејачката се појави во долна облека без градник и ги покрива градите со долгата коса и со шапка.

Деца, ве молам извинете, но ќе продолжам да се занимавам со социјалните мрежи. Жал ми е што се чувствувате како да го правам ова за да привлечам внимание. Жал ми е што се чувствувате вака. Но, знаете што? Имам новости за вас. Јас сум Божјо дете, како и сите ние што сме во божјите очи, па не, не ми е жал. Научив да го кажам тоа што го мислам!, стои во описот на видеото.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, изјави дека нивните заеднички синови, 16-годишниот Шон и 15-годишниот Џејден, не сакаат да комуницираат со неа поради објавување на сомнителни содржини на нејзините социјални мрежи. Сепак, ова не ја спречува пејачката да продолжи со провокации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.