Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна“ и локалниот партнер Сити Стар Продукција, којашто во изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантира информациите пласирани во јавноста во коишто се наведува дека возилото коешто вчера пропадна на плоштадот „Македонија“ е во сопственост на турската серија „Балканска приказна“ или „Balkan Ninnisi“ на ТРТ1, стои во нивното соопштение испратено до медиумите.

Тимот на серијата заедно со актерите од Турција работат и живеат во Скопје во изминатите седум месеци, грижејќи се за градот, урбаната опрема и одржување на зеленилото и чистотата на локациите каде што до сега сме работеле, пред се затоа што Скопје е наш втор дом и наша должност е да возвратиме со грижа и почит. На овој начин и ќе продолжиме да работиме во текот на идните снимања.

 

Изразуваме искрена благодарност до Скопје и скопјани за искажаното разбирање и поддршка којашто ја добиваме уште од првиот ден кога ги започнавме подготовките за снимање на серијата.

 

Скопје, иако поделен од реката Вардар на два дела, од едната страна Турци и Албанци, а од другата Македонци, сепак живеат сплотено прифаќајќи ги и почитувајќи ги различностите. На ова се темели и приказната на Балканска приказна, серија која ги промовира вредностите на соживот, солидарност и заеднички живот, притоа доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи и прикажувајќи ги убавините на градот Скопје.

 

ТВ серијата „Балканска приказна“ е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Сердар Акар, Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.