Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите.
Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за оние кои заминале. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен.
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не се помеѓу нас и се молат за покој на нивните души.
Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на вечниот дом одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од истиот.
Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.