Украинската полиција сопрела обид за кражба на еден од муралите на Бенкси нацртан во предградијата на Киев, пренесува „Euronews“.

“Во петокот, група на луѓе се обидоа да украдат мурал на Бенски. Тие го исекле делот од фасадата на куќата претходно уништена од руската војска“, изјавил градоначалникот на општината Гостомел, Олексиј Кулеба.

Тој објавил и слики на социјалните мрежи на кои се гледа исечената фасада. На муралот било претставено лице со гас-маска како стои на стол.

Според градоначалникот, „неколку лица биле уапсени на лице место“ од страна на украинската полиција, а муралот е во добра состојба и моментално е конфискуван од страна на полицијата.

Шефот на полицијата, Адриј Небутов изјавил дека идентификувани се осум лица.

„Сите се на возраст помеѓу 27 и 60 години и се жители на Киев и Черкаси, град на 200 километри југоисточно од главниот град“, изјавил тој.

Во средина на ноември, британскиот уличен уметник Бенкси, на својот Инстаграм профил објави видео компилација од мурали нацртани во Украина, меѓу кои се наоѓаше и украдениот мурал.

„Делата на Бенски во киевскиот регион се под полициска заштита“, додал градоначалникот Кулеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.