Советот на општината Кавадарци попладнево донесе одлука за определување на максимален износ за доделување на поединиечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за оваа година.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед, по лице, се утврдува во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, пишува во одлуката.

Финансиските средства со вкупен износ од триста илјади денари, за оваа намена, се обезбедени во буџетот на општината за оваа година.

Како што појаснуваат од Општината, целта е да се стимулираат кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувувањето на животната средина и физичкото здравје на населението.

Начинот и критериумите за доделување на средствата за субвенционирање, ќе се определат со посебен правилник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.