Луѓето главно не ја сакаат есента. И донекаде оправдано. Првите асоцијации за есента се тмурни ветровити и дождливи утра, студени ноќи, депресивни денови. Но, есента не е секогаш таква, всушност кај нас и ретко кога таквото време се задржува подолго од една недела. Есента може да биде многу убава, шарена, мирислива, топла и пријатна. А, секако, сево ова може да се доживее во домот.

Луѓето кои ја сакаат есента уживаат во топлите костени, слаткото грозје, во деликатесите од тиква, мирисот на дуњите, вареното вино и јаболката. Есента ја сакаат оние кои се прејадуваат ајвар и оние за кои приготвувањето зимница е уметност спаскувана во тегла, а шпајзот музеј на вкусови.

Есента ја сакаат децата и големите деца, оние кои можат со часови да шлапкаат по барите, оние на кои чадорот им е моден детаљ и оние кои уживаат во звукот на шушкавите лисја под нозете.

Есента може да биде многу инспиративна, а вие можете да го уредите домот така што ќе внесете есенски детали во секое ќоше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.