Супер Месечината организирано вечерва ќе се набљудува со телескопи во Неготино, информираа денеска од Здружението на граѓани „Ековита“, кое го организира настанот на спомен-костурницата во градот.
Станува збор за астрономска појава кога месечината е во точка на својата орбита најблиску до Земјата. Кога супер месечината се случува, изгледа дотолку поголема и светла, што ја прави спектакуларна на ноќното небо. Во споредба со обичната месечина, супер месечината е со околу 14 проценти поголема големина, оттаму името „супер“, појасни Кристина Тодорова, активист на ,„Ековита“ и координатор на проектот.
Таа додаде дека за целосно задоволство при гледањето, осветлувањето на споменикот ќе биде исклучено и заради безбедност во движењето да се внимава при пристапот, да се користат мобилни светилки, а телескопите ќе бидат поставени околу споменикот.
Активностите се дел од проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите”. Проектот MladiHub го спроведуваат Национален младински совет на Македонија и Stella Network со финансиска поддршка од страна на Британска амбасада Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.