Во срцето на мадридскиот кварт Шамбери соседи здружно се кренале против комшијата кој неговиот автомобил секогаш го паркирал на заедничката површина во подземниот паркинг. Иако тој тврдел дека негово право е да се паркира таму секој ден, Советот на станари постојано го предупредувал на спротивното – тоа е простор наменет за заедницата.
Кога не се разбрале со зборови, соседите се решиле за подрастични мерки – преку ноќ да го заѕидаат тој дел од просторот, со се автомобилот внатре.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа сопственикот кој со помош на чекан го руши ѕидот изграден преку ноќ за да го „ослободи“ неговото БМВ.
@telemadridoficial🚘 Un vecino de Marqués de Lema número 7, en Chamberí, se ha encontrado su coche emparedado♬ sonido original – TelemadridOficial
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.