Најкомичната ситуација на овие Олимписки игри во Париз беше режирана од Ентони Амирати (21), кој не влезе во финалето во скок со стап бидејќи ја сруши летвичката со гениталиите. Видеото од таа комична ситуација набрзина стана хит на социјалните мрежи, и сега тој доби можност да заработи дополнително.
Имено, еден сајт за возрасни му нуди 250.000 долари за да го покаже „вториот стап“ пред сите. Според американскиот ТМЗ, еден сајт за возрасни сака да ја искористи ситуацијата за деловни цели.
Му нудиме 250.000 долари за 60-минутно шоу, преку веб-камера, каде што треба да покаже со што располага, и другиот стап нема да му треба – изјави претставникот на сајтот за возрасни.
Амирати има можност за „лесна“ заработка, но тука се прашува и Француската атлетска федерација. Како и да е, понудата за него е ставена на маса.
Anthony Ammirati failed the bar and the commentators are clearly having a hard time acknowledging what happened 😂 HELP I’M DYING pic.twitter.com/5hOHttVA5g
— Gladys Wotching (@Glodyswotcher) August 3, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.