По застојот на една од автопатските делници во Италија, предизвикан од возач на камион со цементни блокови, чиј материјал се прелеал на сите три коловозни ленти, еден млад човек се одлучил на необичен потег.

Човек по име Саверио Сантарели сфатил дека ситуацијата ќе трае и решил да го искористи времето така што ставил парче пршута на ѕидот на автопатот и им го пресекол на патниците кои се нашле во редот.

Како што објавија италијанските медиуми, овој млад човек се враќал дома откако добил признание од меѓународната школа за италијанска кујна „Алма“ во градот Парма.

Бројни патници ја препознале добрата волја на овој млад човек и решиле да ја вкусат пршутата која била дел од неговиот испит во Парма. Некои од нив решиле да му се придружат на овој фин млад човек со носење пијалоци и пластични чаши за да им понудат на другите нешто за пиење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.