Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија.
За големата културна оставштина на видните штипјани, како и за креативниот потенцијал на младите генерации кои ја носат иднината на овој град, лично се уверивме од нивните творби, но и од гордите наставници од училиштето – домаќин.
Серијалот „Приказни од моето маало“ е славење на детската креативност и фантазија, преку уметноста и теми кои се важни за денешните деца: борба за здрава животна средина, инклузија, прифаќање, право на квалитетно образование и важноста од читањето книги и приказни.
Ментори на работилницата во Штип беа уметниците Софија Семенпеева Трајановска и Кристијан Јованоски од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Тие со учениците работеа на односот меѓу емоциите и боите, користењето различни сликарски техники и различни материјали во визуелното и креативно изразување. Прекрасните творби на кои учениците го нацртаа своети маала, беа поставени во галерија под отворено небо, во убавиот училиштен двор.
Во знак на благодарност за убавата соработка, Халкбанк на ОУ „Ванчо Прке“ му донираше училишна опрема, реквизити и книги за училишната библиотека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.