Единствената ќерка на британската кралица Елизабета Втора, принцезата Ана, проговори за последните денови од животот на нејзината мајка.

„Имав среќа да ги споделам последните 24 часа од животот на мојата драга мајка. За мене беше чест и привилегија да ја придружувам на нејзиното последно патување“, изјави единствената ќерка на британската кралица Елизабета Втора.

Во својата изјава, принцезата Ана им се заблагодари и на сите кои тагуваат за нејзината мајка заедно со нејзиното семејство.

Да се ​​биде сведок на љубовта и почитта што многумина ја покажуваат овие денови е и понизно и инспиративно чувство. Сите имаме единствени спомени“, објасни принцезата, заблагодарувајќи им се на Британците и за поддршката на новиот крал, нејзиниот брат Чарлс Трети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.