Јакуб Котовиц е ветеринар од Полска кој многумина на социјалните мрежи го прогласија за херој откако патувал низ Украина за да спаси животни оставени среде воена зона, а досега спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов.
32-годишниот ветеринар минатата недела влегол во воената зона како дел од конвојот од Пшемишл на полската граница.
Меѓу животните што ги спасил се Вира, куче застрелано во `рбетот и мала коза со деформирани нозе, по име Саша, која сега дели кревет со неколку кучиња.
Ветеринарот ја основал добротворната организација за спасување животни наречена Фондација АДА кога имал 17 години, а сега ја користи за да ги спаси заробените животни во војната.
Тој за „SWNS“ изјави дека се надева дека ќе купи уште едно возило за брза помош и ќе формира центар за повеќе животни заедно со складиште за пакување залихи.
И покрај тоа што биле спасени, некои животни морал да ги успие. Сепак, неколку здрави и закрепнати животни ќе бидат вдомени низ Европа. Две мачки повторно биле вратени кај нивните украински сопственици.
„Сите миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и ја поминуваме границата со дипломатска пропусница, но редот од Украина беше многу долг“, вели ветеринарот. „Ние ги подготвуваме животните за процесот на посвојување. Понекогаш оние кои се во многу лоша состојба ќе бидат со нас два или три месеци“, објасни тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.