Италијанската полиција во градот Престина, сместен на јужниот дел од езерото Комо, пронашла тело на жена која била мртва две и пол години.
Службениците ја пронашле во нејзината куќа како мртва седи на столица во кујната. Нејзиното тело веќе прошло низ процесот на „мумификација“ бидејќи веќе долго била мртва.
Маринела Берета (70) ја продала својата куќа, но го задржала доживотното право на користење. Новиот сопственик, Швајцарец не доаѓал често, па не знаел дека Берета е со нарушено здравје, пишува Билд.
Полицијата го пронашла телото на жената по дојава на соседите. Имено, тие сметале дека Берета одамна се иселила, а со оглед на тоа дека подрачјето било погодено од силна бура и паднале некои стебла, го контактирале новиот сопственик, кој повикал полиција. Тие го нашле телото.
Полицијата претпоставува дека Берета починала од природна смрт, односно како последица на болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.