25-годишната невеста од Мексико, Габриела Грајалес, на својот профил на „ТикТок“ објави што ѝ приреди нејзиниот сопруг сред нивната венчавка, само неколку минути откако таа застанала до него пред матичарот.
Токму во моментот кога требало да каже „да“, тој замолчел како камен, па низ заби рекол: „Не, сè уште не можам“, а потоа се свртил и се оддалечил од олтарот. Невестата, на чие лице среќата за момент се претвори во очај, само ги праша гостите дали е сериозен. Набрзо сите сфатија дека се работи за шега, и дека младоженецот само сакал да се пошегува, а солзите на нејзиното лице јасно покажуваат дека хуморот не е една од причините поради кои го сака.
@gabrielagrajall♬ Me Puse Mami – Emma
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.