Експертите од Гинисовата книга на рекорди го прогласија глувчето Пат за најстар глушец на светот. Пат е женка која живее во зоолошката градина во Сан Диего.
Глувчето има точно девет години и повеќе од 210 дена и е ѕвезда на зоолошката градина. Таа е именувана по актерот на „Ѕвездени патеки“ Патрик Стјуарт.
Пат е калифорниски џебен глушец, кој има торбички на образите за собирање храна и има крупно крзно. Таквите глувци живеат во Мексико и САД и се сметаат за најмалиот вид на глувци во Cеверна Америка.
Таа разлика е и симбол за препознавање на еден вид глувци со кои јавноста не е доволно запознаен бидејќи тие не се доволно „харизматични“, вели помошникот директор на зоолошката градина Дебра Шиер.
Според неа, тие глувци се неопходни за функционирањето на екосистемот.
Тоа е навистина точно, бидејќи овие мали глодари играат клучна улога во нивните екосистеми со растурање на растителните семиња и поттикнување на нивниот раст со копање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.