Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ – (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за донирање на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ (READ on Wheels) на граѓанска организација која делува во областа култура од Македонија, Србија, Косово, Албанија или Турција.
Една од целите на проектот е да им овозможи пристап до книги и културни активности на младите од помали и тешко достапни места. Оваа цел беше постигната преку мобилната билиотека „РЕАД на тркала“, која во изминатите 3 години патуваше низ Македонија, Албанија, Србија, Косово и Турција. Земајќи предвид дека проектот „РЕАД“ набрзо ќе биде затворен, мобилната библиотека ќе се донира на граѓанска организација од погоре наведените земји, која е мотивирана и има капацитет да ја продолжи досегашната успешна работа со библиотеката.
Мобилната библиотека е сместена во комбе, ФИАТ Дукато, 2020 година, чија внатрешност е организирана со полици за книги, подвижен мебел и содржи модерна техничка опрема (ЛЦД монитор, систем за озвучување, паметни таблети, подвижни маси, видео проектотр и др.). Целата опрема се користи да се постави библиотека на отворено за различни активности со корисниците.
Повикот за граѓанските организации е отворен до 08.04.2024, а сите информации за начинот на аплицирање можете да ги најдете на следниот линк: https://bit.ly/3PGXwWT.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.