Теа Таировиќ која беше со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап, неколку часа пред сообраќајната несреќа откри детали за последните моменти на пејачот.
Нашите музичари забележаа дека многу брзаше, а јас тоа не го забележав. Забележав дека беше расположен и дека атмосферата беше одлична. Се шегувавме пред настапот, разговараме и никој не претпоставуваше дека ќе се случи несреќа. Некако ми изгледа дека било судено, да настрадате после 50 години кариера, 50 години патувања, а притоа возеше Мирсад кој не пиеше алкохол – изјави Теа.
Инаку, Теа последна настапуваше со кралот на народната музика и требало да се врати со него, а пејачката на бизарен начин ја избегнала несреќата.
Имав среќа бидејќи не се враќав со нив. Мојот лет беше закажан за 13 часот, а тие имаа утрински лет. Но ситуацијата можеше да биде сосема поинаква. Имено мене ми се случи незгода бидејќи го изгубив куферот во текот на летот, додека доаѓав во Германија. Шабан и неговиот колега ми рекоа: Да идеше со нашиот лет, немаше да ги изгубиш личните работи! Но ете што може да биде судбина, да одев со нивниот лет и со нивниот автомобил кога се случила несреќата сега не ќе бев жива – вели Таировиќ.
Шабан по неговиот последен блок песни отишол хотелот, од каде утрото од Дизелдорф требаше да лета директно за Белград.
Кога тргнавме на аеродромот ни кажаа дека Шабан имал несреќа и бил повреден, но кога стигнав на аеродромот дознав дека тој починал – изјави Теа.
За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа на 17 февруари во Германија каде имал настап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.