На 10 август се одбележува Светскиот ден на мрзеливоста. Преданијата велат дека овој „празник“ се слави повеќе од 100 години, но никој не знае од кога точно… Претпоставките говорат дека „првите ентузијасти“ биле премногу мрзливи за да ја запишат и обележат првата година.

Слоганот на „славениците“ денеска гласи: „Да му се ​​препуштиме на бесмисленото безделничење, а умот и телото да ни бидат мрзеливи цел ден. Да не правиме ништо овој ден“. Некој друг пак, ќе рече: „Ова му дава нов поттик на духот. Запомнете, секогаш може да се открие нов, подобар начин да не се прави ништо“.

Ова се само дел од шегите на интернет-просторот запишани под датумот 10 август од оние кои се потрудиле да ја овековечат својата мрзеливост.

Според Црквата, сепак, мрзеливоста, т.e. безволностa за работа и творење, е седмиот смртен грев. Во минатото тоа се сметало за „привилегија“ на богатите.

Апсолутна неактивност на 10 август, сепак, дозволува сладолед, чоколадо, (без)алкохолни пијалаци и која било храна што некој би Ви ја подал додека си лежите на каучот пред телевизорот или на плажа.

На крајот на краиштата, кој го измислил далечинскиот управувач, подвижните скали, машината за перење, за миење садови или лифтот? За многумина, мрзеливоста всушност е „движечка сила“ на развојот и напредокот.

Датумот 10 август може да послужи и како ден за пресметки околу тоа колку сме биле мрзливи последнава година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.