Анастасија Петреска, ќерката на Наум стана мајка по втор пат и добија машко дете, објави ММС. „Ти благодарам љубов моја, Џиџе си доби братле“, напишал Владимир Поповски, сопругот на Анастасија, зетот на Наум, кој е инаку пејач на групата „Биоритам“.

„Бебето ќе се вика Лука по наша желба“, изјавил Владимир за ММС. Тој и Анастасија како што споменавме погоре, пред пет години станаа родители на Андреа, која сега е пресреќна што има братче.

Во март во 2019 година, македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски добија нова животна улога- станаа родители. Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка. Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.