На собир во Буенос Аирес, Аргентина, повеќе од 1.000 луѓе – сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност.
Настанот беше организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин, а целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем јавен собир на луѓе облечени како „Спајдермен“.
Претходно, во јуни, во Малезија имаше рекордни 685 „спајдермени“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Говорејќи пред новинарите, Дин изјави дека „планирал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.
Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.
Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.