Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера во Тетово беше на шеста средба со публиката од предвидените осум во целата земја. Убавата македонска песна се слушаше во Паркот на револуцијата, каде на репертоарот беа сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, „Ми заплакало село Ваташа“…
Публиката на сцената ги виде и ги слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Се пееше од срце, во еден глас, со развиорени македонски знамиња.
„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а аранжманот на сите 12 песни е со потписот на Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.