Повеќе од 100 години, еден од најпознатите археолошки локалитети во светот, Мачу Пикчу, древниот град на Инките во Перу, е познат по погрешно име, се вели во извештај објавен во списанието „Journal of Andean Studies“.
Инките, луѓето кои го изградиле античкиот град, веројатно го нарекле Хуаина Пикчу – се вели во извештајот.
Хуаина значи „нов или млад“, додека Пикчу значи „врв на планина“ на кечуански. Мачу значи „стар“, па го нарековме стар планински врв – вели за „Си-Ен-Ен“, Емили Дин, професор по антропологија на Универзитетот во Јужна Јута во Сидар Сити.
Таа не била вклучена во извештајот.
Според авторот на извештајот Брајан Бауер, професор по антропологија на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, се верува дека цитаделата на Инките дека била изградена околу 1420 година како имот за кралевите кои живеат во Куско, главниот град на Империјата на Инките.
Кога Шпанците ги освоиле Инките, Хуаина Пикчу била напуштена, се вели во извештајот. Градот бил скриен длабоко во Андите со векови додека американскиот истражувач Хирам Бингам повторно го открил во 1911 година.
Во своите теренски белешки, Бингам одлучил да го именува античкиот град Мачу Пикчу, врз основа на информациите што му ги дал неговиот водич Мелчор Артеага, фармер кој живеел во областа – вели Бауер.
За време на истражувањето на Мачу Пикчу, Бауер нашол докази дека неговото првобитно име било различно. Донато Амадо Гонзалес, историчар од Министерството за култура во Перу, самостојно ја открил истата шема, па тие решиле да се обединат и заедно да го откријат вистинското име на градот кој е многу популарна туристичка дестинација.
Истражувачите почнале со разгледување на белешките на Бингам во кои тој изјавил дека не бил сигурен за името на урнатините кога првпат ги посетил. Бауер и Амадо Гонзалес потоа ги прегледале мапите и атласите отпечатени пред и по посетата на Бингам.
Еден од најфасцинантните документи е извештајот од 1588 година, во кој се наведува дека домородците од регионот Вилкабамба размислуваат да се вратат во Хуаина Пикчу – вели Бауер.
Сепак, Бауер вели дека и покрај откривањето на оригиналното име на областа, Мачу Пикчу веројатно ќе остане Мачу Пикчу.
Не би предложиле промена на името бидејќи Мачу Пикчу е премногу познат низ светот. Мачу Пикчу е објавен и во илјадници книги, написи, огласи и правни документи. Народот на Перу и нивната влада го прифатија новото име, па затоа, иако е интересен додаток во историјата на локацијата, нема да го смени неговото модерно име – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.