Ново истражување покажало дека љубителите на црниот хумор имаат повисок коефициент на интелигенција. Испитувањето е објавено во научното списание „Когнитив процесинг“ (Cognitive Processing) и во него учествувале 156 мажи и жени со различно ниво на образование и просечна возраст од 33 години.

Студијата ја водела Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена. На испитаниците им бил зададен тест за интелигенција кој вклучува вербално и невербално расудување. Во прашаликот потоа, се барало да го оценат своето расположение и нивото на агресија. Тие потоа анализирале и сатирични карикатури на уметникот Ули Стајн.

Резултатите посочуваат дека учесниците кои сакаат црн хумор се поинтелигентни, имаат повисоко ниво на образование, ретко имаат нарушувања на расположението и знаат како да ја контролираат агресијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.