Кожата на несреќната девојка Жаклин од САД буквално и висела од целото тело, а сега и недостасуваат делови од ткивото на образите, горната усна и горниот дел од челото откако ја изгризале кучиња Освен тоа, поради отстранетиот скалп останала и без коса, а се здобила и со повреди опасни по живот на внатрешните органи.
Двете животни биле успиени веднаш по застрашувачкото крвопролевање.Несреќната девојка сепак има друга грижа.
Најмногу ме боли тоа што сопствениците на кучето, господинот Џастин Бишоп и неговата сопруга Ешли, никогаш по трагедијата не ме повикаа и не ме прашаа како сум – признала очајната девојка
Нејзиниот најголем страв е дека нејзиното момче Нејтан (24) ќе ја остави откако ќе биде осакатена.
– Верував дека нема да може повеќе да биде со мене. Искрено го прашав дали е подготвен за тоа затоа што се сменив засекогаш. Рече дека не сака да биде никаде на друго место, освен со мене – рече таа, додавајќи дека трагедијата уште повеќе ја зближила со партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.