Кралот Чарлс наводно е премногу слаб да ја спаси британската монархија стара 1200 години, која полека, но сигурно се распаѓа.

Според пишувањата на медиумите, Чарлс(75) е преслаб да се носи со контраверзите кои до темел го потресоа кралското семејство со наизглед бескрајната буица од скандали, болести и семејни караници.

Кралот Чарлс е многу поболен отколку што палатата дозволува да се знае и едноставно не е дораснат на работата да го води своето разединето семејство, работните интереси на круната и да ги исполнува секојдневните обврски на монархијата, рекол член на кралскиот круг, пренесува Радар онлајн.

Неговиот рак го јаде жив, додал изворот. Многу е слаб. Ситуацијата е очајна.

Чарлс е во страшни маки, додека се бори против подмолната болест. Се заборува дека се работи за рак на панкреас, а „исцрпената“ Камила, која во 13 различни наврати го замени својот болен сопруг, безгрижно одлетала на Медитеранот на одмор.

Во меѓувреме, чекајќи го кралот, принцот Вилијам(41) ги намали своите должности како би се грижел за својата болна сопруга Кејт(42)

За Кејт пак се плетат приказни дека е во многу лоша состојба, борејќи се да јаде. И онака слаба после абдоминалната операција, таа е многу кревка со здравјето, а закрепнувањето оди потешко отколку што се мислело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.