Она што се шушкаше со месеци наназад, сега е потврдено – средната ќерка на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Серафина Роуз, веќе не е женско, туку се декларира како небинарна личност.
Својот нов идентитет го претставила минатиот викенд на комеморацијата на дедо ѝ Вилијам, покојниот татко на Гарнер.
„Здраво, моето име е Фин Афлек“, рекла 15-годишната ќерка на славната двојка кога се качила на говорницата во методистичката црква во Чарлстон, по што прочитала неколку стихови од Библијата.
Серафина, односно Фин, како што гласи нејзиното ново, машко име, носела црн костим, бела кошула и црна вратоврска, а била потстрижана кратко.
За жал, првото нешто што на многумина не им се допадна е тоа што Фин одлучил да го претстави својот нов идентитет токму на погребот на дедо му.
„Зар не можеше да почека некој друг момент, воопшто нема почит“, „Нарцисоидно, сè се врти околу нив“, „Ова навистина не е моментот за такво нешто“, „Родителството потфрлило“, „Воопшто не го почитува својот дедо. Тука фокусот треба да е на него, а не на неа“,
„Таткото не постои. Мајката е актерка која го добива сето внимание. 13-годишната ќерка е желна за внимание. Пред 5 години ќе беше булимична. Денес, модерно е да се биде транс. Гледајте ме, гледајте ме!“,
Таа буквално е во фазон – вау, погребот на мојот дедо. Дали можеме да направиме ова да се врти околу мене“, „Како погребот да е најдоброто место за да направиш вакво нешто“, пишувале разгневените луѓе.
Инаку, за нејзината промена на идентитетот се зборува уште од моментот кога Лопез и Афлек започнаа врска, особено откако таа почнала интензивно да се дружи со ќерката на латино-дивата, Ема, која минатата година исто така се изјасни како небинарна.
За проблемот со идентитетот на Ема Муњиз, многумина ја обвинија Џенифер поради претераната сексуализација на кое девојчето било изложено од најрани денови. Тинејџерката со години беше на удар на крајно нехумани наслови и срамни навреди, само затоа што не личи на поп-дивата.
„Грда“, „Кога мајка ти е Џеј Ло, а ти изгледаш вака“, „Ема е трансродова поради мајка ѝ“, „Најгрдото дете на познатите“, „Срам за семејството“…, ова се само дел од коментарите што со месеци кружат на Интернет.
Меѓутоа, Ема си тера по свое, често ја менува бојата на косата, а наместо секси комплетчиња какви што можеме да видиме на Џеј Ло, таа и понатаму одбира широки маици и скинати фармерки, старки и слично.
Се чини дека колку повеќе ја напаѓаше јавноста, толку поистрајна била во намерата да остане своја, без оглед на очекувањата на хејтерите на Интернет, кои немаат попаметна работа од тоа да пишуваат навреда на сметка на изгледот на едно дете.
За жал, сега владее теоријата дека токму Ема влијаела врз Серафина, односно врз Фин и дека неговата промена на полот е само привремена фаза. Некои дури и го нарекле ова „помодарство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.