Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември.
Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.
Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во опрвиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело.
Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна. Но, нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.