Позната Јутјуб блогерка, Имоџин Хортон, го роди своето дете во живо пред 425.000 следачи на мрежата за споделување видеа и нагласи дека не жали што го снимала раѓањето на нејзината ќерка.
Хортон, која вообичаено прави видеа за мода и убавина, ја сподели и оваа видеоснимка на нејзиниот Јутјуб-канал „Имоџинејшн“ (Imogenation). Коментирајќи ја одлуката да го сними раѓањето на ќерка ѝ Ренелија, „инфлуенсерката“ изјави дека „тоа не е голема работа“ за неа бидејќи „отсекогаш била пред камерите и сака да се изразува“ себеси.
На видеото се гледаат само емоциите на мајката, но не и раѓањето.
Имам граници. Никогаш нема да ја разоткриеме Ренелија без облека или да го откриеме нејзиното тело – изјави блогерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.