Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена;

– Тридневна набавка на нерасиплива храна;

– Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност;

– Светилка;

– Прва помош;

– Свирче;

– Маска за прав ќе помогне во дишењето контаминиран воздух;

– Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето;

– Клуч / алат за исклучување на струјата и водата;

– Отворачи за конзерви со храна;

– Мапи од околината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.