Веќе на сите им е јасно дека луѓето со милиони следбеници можат да заработат многу пари и да живеат само од спонзорирани објави. Инфлуенсерката и гимнастичарка Оливија Дан откри колку најмногу  заработила од спонзорирана објава на социјалните мрежи.

Оливија е американска гимнастичарка и извесно време беше дел од репрезентацијата. Таа моментално е член на гимнастичкиот тим LSU Tigers на Државниот универзитет во Луизијана. Воедно, таа е и инфлуенсер и на социјалните мрежи објавува како изгледа нејзиниот живот.

До неодамна, на членовите на универзитетските атлетски тимови не им беше дозволено да заработуваат врз основа на спонзорирани објави. Не им беше дозволено да примаат комерцијални плаќања и таквата соработка може да им донесе суспензии и санкции на универзитетот, но ова правило стапи на сила во јули 2021 година.

Оливија моментално има речиси осум милиони следбеници на TikTok и над четири милиони на Instagram. Според податоците со кои располагаат странските медиуми, таа заработила 3,4 милиони долари само од спонзорирани објави. Минатата недела таа беше гостин на Full Send Подкастот и беше прашана колку може да заработи од една спонзорирана објава на Инстаграм.

„Нормално никогаш не зборувам за пари, но… би рекла шест цифри“, одговори таа. На прашањето дали нејзината заработка е под 500.000 долари, Оливија одговорила не, што значи дека заработува повеќе од половина милион долари по објава (се разбира, не секоја објава, зависи од спонзорот).

“Да, јас сум многу среќна. Тоа е едноставно лудо за мене”, рече таа. Таа навести дека во иднина, кога ќе го напушти универзитетот, може да биде само инфлуенсер, но дека се уште не донела конечна одлука.

Во една прилика рекла дека сака на младите девојки да им покаже дека не мора да се занимаваат исклучиво со една работа.

“Можете да бидете страсни за музиката, уметноста. Не треба да избирате. Можете да направите се и да бидете успешни. Мислам дека треба да си поставите свои очекувања за успех и да имате големи соништа”, рече таа.

@kyleforgeard @Olivia Dunne on how much she gets paid per sponsorship! 💰 #fyp #fullsend #collegeathlete #livvy #nelk ♬ original sound – Kyle Forgeard



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.