Прекрасниот имот, во кој Дилан не престојувал од почетокот на пандемијата, вклучува шеснаесет спални соби со поглед на градина и единаесет бањи.

Импресивниот шкотски историски имот, кој во 2006 година го купија нобеловецот и музичар Боб Дилан и неговиот помлад брат Дејвид Кимерман за 2,2 милиони фунти, сега е на продажба за 3 милиони фунти, пренесува Арт Нет.

Едвардскиот имот познат како Куќата Аултмор е сокриен на северо-источниот дел на земјата во селото Нети Бриџ во Националниот парк Кернгорм.

Прекрасниот имот, во кој Дилан не престојува од почетокот на пандемијата, вклучува шеснаесет спални соби со поглед на градина и единаесет бањи. Четирите соби за прием, вклучувајќи ја и музичката соба, имаат мермерни камини во стилот на шкотскиот архитект Вилијам Адам од 18 век.

Имотот е реновиран и модернизиран во 2007 година, но многу историски детали се зачувани, како што е ходникот со скали од варовник со ковано железо и дрвена балустрада.

Резиденцијата е опкружена со пространи градини со статуи, фонтани, камени летниковци и три куќички.

Местото го изградил Арчибалд Мерилес, ко-основач на М&М, ​​првата стоковна куќа во Русија. Дизајнот му го доверил на лондонскиот архитект C.H.B. Куенел. Изградбата започнала во 1911 година, а куќата била завршена во 1914 година, една година пред смртта на Мерилис.

Уметноста го поврзува Дилан со Шкотска. Имено, на неговата креативност влијаеле песните „The 51st (Highland) Division’s Farewell to Sicily“ на шкотскиот поет Хамиш Хендерсон и „A Red, Red Rose“ на шкотскиот писател Роберт Барнс. Исто така, во песната „Highlands“ од албумот „Time Out of Mind“, Дилан го споменува регионот Хајлендс во Шкотска, каде што, како што тврди, е неговото срце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.