Според денешниот индекс на милијардери на Блумберг, шефот на Тесла и Твитер Илон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, кој на крајот на 2022 година беше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки Луј Витон, Моет, Хенеси (LVMH) Бернард Арно.

Богатството на Илон Маск сега изнесува 187,1 милијарди долари, надминувајќи го Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,3 милијарди долари, објави Блумберг.

Богатството на Маск на почетокот на оваа година изнесуваше 137 милијарди долари.

Вредноста на акциите на компанијата Тесла се зголеми за 100 отсто во однос на најниската вредност што овие акции ја имаа на 6 јануари, а тоа е доказ за оптимизмот на инвеститорите.

Тесла, меѓу другото, има корист од поголемата побарувачка за електрични возила откако ги намали цените на некои модели на автомобили.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.