Хрватот Еди Здјелар (24) кој загина со сопругата во сообраќајна несреќа, а пред тоа се снимаше во живо како вози 200 километри на час, во 2019 година предизвикал уште една тешка сообраќајка на Нова Градишка, по што починала и неговата тогашна бремена партнерка.

Порталот „Нова Градишка“ тогаш објавил дека несреќата се случила на 18 март во градот Ковачевац. Сообраќајката се случила кога Здјелар, тогаш 18-годишен возејќи комбе, изгубил контрола и неконтролирано отишол на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Од силината на ударот возилото се превртело.

Освен Здјелар, во комбето била и неговата 18-годишна девојка, која тогаш била бремена. Медиумите во Хрватска тогаш објавиле дека девојката загинала во несреќата, но како што подоцна беше објавено таа починале девет месеци подоцна, а нејзиното дете преживеало.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.