Грчките спасувачки служби активираа подводен дрон во спасувачката акција за пронаоѓање на изчезнатиот Мартин Јовановски.

На снимката која ја објавија тамошните медиуми се гледа како дронот ги пребарува водите во Егејското море со цел да се пронајде и Мартин Јовановски, третиот Македонец исчезнат во невремето во саботата на Халкидики.

Големата операција на крајбрежната стража и волонтерите е во тек од вторник рано наутро, но без никакви резултати. На лице место се мајката и роднините на младиот момче од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.